Тип на донација
Сума

или

6 ноември 2018

Хуманоста е доблест на добриот човек

Хуманоста е доблест која се учи низ лично искуство, во средината во која детето живее и по модел од возрасните кои се грижат за детето. Ова многу добро го знае воспитниот кадар на градинката „25 Мај” – објект „Синоличка” кој со почетокот на септември 2014г. осмисли низа на активности кои значат поттикнување на детската хуманост и градење на хумани вредности кај децата најрана возраст.

2013

Долгогодишната соработка помеѓу Советодавниот Центар за родители и деца – Гази Баба, при СОС Детско Село Македонија и ЈУДГ „25 Мај“, беше збогатена со реализација на уште еден проект, под мотото „Хуманоста е доблест на добриот човек“ .

Проектот „Хуманоста на дело“ го прават мноштво на активности во кои се активно вклучени децата и родителите од градинката и децата на предучилишна возраст и родителите корисници на превентивните услуги на Советодавниот Центар.

2013

Проектните активности стартуваа во октомври 2014г. кога децата и вработените во градинката подготвија театарска претстава за своите нови пријателчиња од Центарот. Веќе во ноември, во градинката „Синоличка“ беше организиран есенски панаѓур на кој почесни гости беа децата од Советодавниот Центар. При посетата децата – гости од Центарот беа почестени со заеднички ручек, со децата – домаќини од градинката. Потоа, како посетители на Панаѓурот има привилегија да ги дегустираат вкусните јадења подготвени од родителите и децата вклучени во градинката. 

   

2013

Истиот месец, по спроведена хуманитарна донаторска акција, децата,родителите и воспитно – негователскиот кадар од градинката го посетија Советодавниот Центар. Беше организирана заедничка дружба со децата и родителите, корисници на услугите на Центарот, со цел меѓусебно запознавање, дружење на децата, но и лично подарување на собраната донација во облека, обувки и играчки. Во пред-новогодишната празнична еуфорија, на 18 декември, беше организирана заедничка креативна работилница во која учествуваа децата и родителите во изработка на новогодишни украси и честитки. Работилницата помина во весела атмосфера во која уживаа децата, но не помалку и родителите. Средбата ја завршивме со меѓусебно подарување на новогодишни честитки со желби за убаво и среќно детство.

На голема радост на децата и родителите заедничките активности на проектот продолжуваат и следната 2015 година.