Тип на донација
Сума

или

6 ноември 2018

Ученици од О.У. “11 Октомври” го посетија СОС ДЕТСКОТО СЕЛО

На ден 07.12.2012 година, 60 ученици од второ одделение од О.У.„11 Октомври“, придружувани од 3 наставнички го посетија СОС Детското Село Скопје.Целта на посетата беше учениците да ги прошират своите знаења за различните видови на семејно живеење (дом-семејство).

семејства (со акцент на дом-семејствата), семејствата низ историјата и денес, семејното живеење и улогите во семејството.
На посетата и претходеше организирање на хуманитарна акција за изготвување на пакети со облека, играчки и училишни материјали кои учениците од второ одделение им ги подарија на нивните другарчиња од СОС Детското Село .
Секое дете имаше подготвено пакет за свое другарче од Детското Село.
За време на посетата учениците и нивните другарчиња заеднички ликовно твореа на хамери на тема: Семејство.

11oktomvri 1

Дел од изработените ликовни творби, беа поставени во просториите на СОС Детското Село, а останатите беа подарени на учениците од О.У.„11 Октомври“ за да го красат холот на училиштето и ги потсетуваат децата на прекрасното дружење и новостекнатите другарчиња. По ликовното творење, децата заеднички си играа на игралиштето во дворот. Учениците си заминаа задоволни и со желба за повторна средба.

11okt2012 11okt2012