6 ноември 2018
СОС Детско село Македонија и Универзитетот ФОН во соработка со Македонската Кошаркарска Федерација ве покануваат на спортскиот спектакл што ќе се случи в понеделник, на 26 декември, во салата „Градски парк“ во Скопје. Имено, за овој термин е закажан ревијален кошаркарски натпревар, во кој што силите ќе ги одмерат репрезентативците на Македонија од една, и странските кошаркари кои што настапуваат во нашата земја од друга страна.
Листата на кошаркари што ќе настапат на овој спектакл, на чело го има македонскиот капитен Перо Антиќ, а на неа се наоѓаат уште и: Марко Симоновски, Војдан Стојановски, Ѓорѓи Чековски, Тодор, Гечевски, Дарко Соколов, Ивица Димчевски, Горан Самарџиев, Кирил Николовски, Диме Тасовски, Јане Петровски, Горјан Марковски, Џастин Рејнолдс, Џеремаја Босвел, Брендон Кол, Карлос Морбан, Солер Мавел, Владимир Филиповиќ, Владимир Зујовиќ, Милош Павловиќ и Ѓорѓе Јовановиќ.
Овој кошаркарски спектакл ќе почне во 20 часот, а истовремено ќе има и хуманитарен карактер, со оглед на фактот дека собраните средства ќе бидат наменети за штитениците на СОС-детското село. На манифестацијата која ќе оди во живо на ТВ Алфа ќе биде паралелно организиран и хуманитарен телетон Имено, најголемите музички и спортски ѕвезди ќе бидат зад телефоните и ќе примаат донации од граѓаните, а целокупниот приход од телефонските повици и од продадените влезници ќе биде дониран во СОС детското село.
Назад кон сите новости