Тип на донација
Сума

или

6 ноември 2018

Прослава на Денот на благодарноста во СОС Детското село

На 29 Ноември 2012 со почеток во 14:00 во СОС Детското село во населбата Ченто, во организација на Американската Стопанска комора во Македонија, се одржа втората  по ред традиционална прослава на Денот на благодарноста заедно со децата од СОС ДЕТСКОТО СЕЛО.

Како и минатата година, АмЧам покрена иницијатива за собирање на потребни донации за СОС Детското село а на неа се одзваа голем број од членките:  АД Алајанс Уан Македонија, Окта АД Скопје, СиТ Македонија дооел Скопје,  Македонијатурист АД Скопје, Скопски Пазар АД Скопје, Пивара Скопје АД, Фершеп АД Скопје – Х. Александар Палас, ПИ Витаминка АД Прилеп, Џонсон Контролс Македонија, Чакмакова Адвокати Скопје, Адвокатско Друштво Моневски, ЕВН Македонија и Еуростандард банка. Како резултат на оваа акција беа собрани донации во висина од близу  300 000 денари.

tg2012

Благодарение на хуманоста на овие компании кои подадоа рака на децата под закрила на организацијата СОС ДЕТСКО СЕЛО, со собраните донации ќе се овозможи реновирање на 6 кујни во СОС Семејните куќи, како и набавка на апарати за домаќинство, кои значително ќе го олеснат функционирањето и секојдневните обврски на СОС семејства во рамките на кои се згрижени од 5-7 деца без родители и родителска грижа.

На овој ден, сите заедно, децата, мајките, вработените и претставници на компаниите и Американската Стопанска Комора го прославија овој традиционален американски празник `Денот на благодарноста` со традиционални американски јадења и слатки.

tg2012

tg2012

tg2012

tg2012

tg2012