Тип на донација
Сума

или

6 ноември 2018

Премиерот Никола Груевски и Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски го посетија СОС Детското село

Премиерот на Р.М г-динот Никола Груевски, во придружба на Министерот за труд и социјална политика г-динот Спиро Ристовски, во пресрет на новогодишните празници, традиционално го посети СОС Детското село во населбата Ченто и со желби за среќно детство, радост и успех во иднината им ја честитка Новата 2013 година на дечињата.

Со претстава која сами ја подготвија, дечињата ја изразија својата благодарност до премиерот Груевски, кој во оваа пригода им донираше новогодишни пакетчиња и им порача:
– “Ви посакувам во 2013 година да сте многу среќни и весели. Ваше е сега да учите, да имате повеќе знаења и кога ќе дојде време да се вработите да имате повисоко образование за да имате и поуспешен живот”

ng ng 1

На присутните им се обрати и Националниот Директор на организацијата г-ѓа Јулијана Гапо, која му врачи благодарница на Премиерот и во оваа прилика истакна: “Како организација која постои веќе 11 година, се трудиме да придонесеме во унапредувањето на квалитетот на грижа на децата без родители и родителска грижа но истовремено  и да делуваме, согласно нашите можности, и во полето на превенција со цел да го намалиме бројот на деца кои се во ризик да  го напуштат својот дом и своите родители. Во изминативе 5 години преку превентивните програми подржавме окулу 250 семејства и 500 деца и успеавме да запослиме многу родители, кои денес се способни да самостојно да го издржуваат своето семејство, да подржиме самохрани мајки да ги задржат своите новородени деца, да им обезбедиме изводи и лични карти за да можат да го остварат правото на социјална помош и да помогнеме  голем број на деца  да се вклучат  во редовниот образовниот систем.

ng ng 2

ng ng 3