Тип на донација
Сума

или

6 ноември 2018

Посета на Супер Бус од Србија

Во петокот, на 20 мај, во посета на СОС Детско село, Проектот за интервентна поддршка и нашето Пријателско катче за деца, дојдоа драгите колеги и пријатели од Србија, со нивниот весел Супер Бус. Неколку часа, децата од нашиот центар имаа нови игри, нови доживувања со нашите колеги од Србија. Имаше работилница за правење фигури од балони и ѕвезди, како и шарениот падобран кој можеби привлече и најмногу внимание.Покрај активностите со децата, колегите од СОС Детските села на Македонија и Србија разменија информации и разгледаа планови за можни понатамошни заеднички активности.