Тип на донација
Сума

или

6 ноември 2018

Посета на Советодавниот Центар од страна на Министерот без ресор Неждет Мустафа и Градоначалникот Тони Трајковски

По повод Детската недела, на 03 Октомври 2012 година, Градоначалникот Тони Трајковски и министерот без ресор Неждет Мустафа  го посетија  Советодавниот центар за родители и деца Гази Баба, кој дава поддршка на семејствата од висок социјален ризик за полесно справување со потешкотиите со кои се соочува семејството во целина.

На посетата добија информации за функционирањето на Советодавниот Центар, целната група, превентивните услуги кои ги добиваат децата и родителите во социјален ризик и резултатите кои се постигнати. Министерот Неждет Мустафа изрази задоволство од работата на Советодавниот Центар  и  постигнатите резултати. Советодавниот Центар за родители и деца Гази Баба, во моментов поддржува 50 семејства, односно 160 деца во социјален ризик, кои се припадници на различни етнички групи.
hgden_2012
hgden_2012