Тип на донација
Сума

или

6 ноември 2018

Обезбеден основен училишен прибор за децата во социјален ризик

И оваа есен, хуманите поединци, невладините организации и општествено одговорните компани им излегоа во пресрет децата во социјален ризик, поддржани од СОС Детско Село Македонија.

2104

Во месец септември 2015 година, беше покрената хуманитарна иницијатива, за образовна поддршка на децата кои се поддржуваат преку превентивните активности на Советодавните Центри за родители и деца – Гази Баба и Шуто Оризари.

it

Со заеднички напори, успеавме за 77 училишни деца во социјален ризик да обезбедиме комплети основен училиштен прибор и со тоа да им помогнеме да имаат успешен почеток на новата учебна 2015/2016 година. Од нив 12 деца кои се запишаа во прво одделение од основното образование добија и нови училишни ранци.
Среќата и задоволството на децата за добиениот училишен прибор, ја почувствувавме преку нивната благодарност и насмеаните лица. Се надеваме дека во иднина ќе ја продолжиме и унапредиме соработката, сѐ во полза на децата и остварување на нивните права.

exe

Од името на децата и родителите изразуваме голема благодарност до нашите пријатели Здружение Хуманост без граници, Месен Комитет Питу Гули-Инџиково и еXe IT Solutions и до сите поединци кои несебично се вклучија во обезбедувањето на лесен старт на училишната година за овие деца.