Тип на донација
Сума

или

6 ноември 2018

Нови вработувања на млади од СОС Детско село Македонија

На 4ти март, на уште четири млади луѓе кои пораснаа во СОС Детско село, Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и Претседателот на владата Никола Груевски свечено им врачија решенија за вработување во државната и јавната администрација согласно Програмата за вработување Д-10. Тие беа меѓу триесетте млади кои до осумнаесетгодишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа кои ќе се вработат во државна и јавна администрација.

2104

Спасов смета дека со оваа програма се потврдува еден крупен чекор во решавањето на најголемиот предизвик- вработувањето и решавањето на животното прашање. – Владата презема конкретни мерки и чекори за поддршка на лицата кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа. Настојуваме таа поддршка да биде постојана и сеопфатна. Вклучувањето на пазарот на трудот веруваме дека е најзначајна придобивка и можност за лична реализација, рече Спасов. Токму затоа, додаде тој, програмата Д-10 која, како што рече, се спроведува максимално транспарентно и се реализира според дадените критериуми и услови е само едно продолжение на дефинираната помош за овозможување на нормален живот и постојана работа и исти услови за напредок.

2104

 

Боге, Мартин, Ангел и Трајче ќе почнат да работат во Министерството за труд и социјална политика. Сите ние од СОС Детско село Македонија им посакуваме многу, многу успех во понатамошната кариера. Среќно!