Тип на донација
Сума

или

6 ноември 2018

Министерството за труд и социјална политика финансиски ќе ја поддржи грижата на децата во СОС Детско Село – Скопје

На ден 03,02,2013 година, во СОС Детското Село во населба Ченто, беше потпишан меморандум за соработка помеѓу СОС Детско Село Македонија и Министерот за труд и социјална политика г-динот Спиро Ристевски.

Со потпишување на Меморандумот, се официјализира постапното финансирање на децата згрижени во СОС семејства во рамките на СОС Детското Село согласно законските прописи и надоместоци предвидени за згрижувачките семејства кои се во рамките на државниот згрижувачки систем. 

Во изминативе 11 години, најголем дел од финансиската поддршка на СОС Детското Село, доаѓаше од Интернационалната Организација СОС Киндердорф и помал, но исто толку значаен дел, и од локалната заедница и од хуманите граѓани на нашата држава.
На наше големо задоволство, преговорите кои подолго време се одвиваа помеѓу Министерството за Труд и социјална политика и СОС Детското село, вродија со плод и Министерството, кое и покрај ограничувањата на буџетот во овие тешки времиња,ќе овозможи партиципативно финансирање на 3 СОС Семејства во рамките на СОС Детското Село.

ng ng 1

На овој многу важен чин за СОС Детското Село, присуствуваа и членовите на Управниот Одбор на СОС Детското Село, бројни новинари од повеке медиуми од Македонија и целиот тим на СОС Детското Село. Во оваа прилика, Претседателот на Управниот Одбор, г-ѓа Владанка Давковска, му подари на Министерот Спиро Ристевски еден мал подарок, рачна  изработка  од СОС мајката Ремка, една од првите СОС мајки кои  се грижата за деца без родители и родителска грижа во рамките на   СОС Детското Село.

ng ng 2

ng ng 3