Тип на донација
Сума

или

6 ноември 2018

Донација во висина од 140000 денари од страна на компанијата Порше лизинг

Претставници на компанијата Порше лизинг го посетија СОС Детско село-Скопје и при оваа посета донираа 6 клими и 2 машини за перење на алишта за потребите на СОС Семејствата.

Децата и вработените во знак на благодарност на посетителите им приредија забава со кореографии на музички точки, магионичарски трикови и една мала претстава.По претставата претставниците од Порше Лизинг посетија едно СОС Семејство каде одблизу се запознаа со начинот на функционирање на нашата организација и со тоа како изгледа едно секојдневие на децата без родители и родителска грижа кои се под закрила на организацијата на СОС Детско Село Македонија.