Ние креваме глас за децата и помагаме заедниците и носителите на одлуки да бидат информирани во врска со правата на децата. Ние ги охрабруваме децата активно да учествуваат во процесите на донесување одлуки кои влијаат врз нивниот живот и, кога е можно, да зборуваат за себе и да бидат сослушани

Ние креваме глас за децата и помагаме заедниците и носителите на одлуки да бидат информирани во врска со правата на д..

Детски права

 

СОС Детско село Македонија се залага за правата на децата без родители и родителска грижа и децата во ризик од губење на грижата од своите родители, преку реализација на проекти и иницијативи за застапување, самостојно или во партнерство со други организации.

Преку нашите активности ние се стремиме да ги поддржиме децата и нивните семејства во нивните напори да ги подобрат условите за живот и да се справат со основните ризици кои ја загрозуваат нивната благосостојба.

За нас е важно децата и младите да бидат слушнати и да имаат можност сами да ги застапуваат своите права.

Нашата работа е во согласност со Конвенцијата за правата на детето и се заснова на принципите наведени во Водичот за алтернативна грижа за децата. На меѓународно ниво, СОС Детски села Интернационал беше активен учесник во развојот на Водичот за алтернативна грижа усвоен од Организацијата на обединетите нации во 2009 година.

 

Контактирајте нè:

Филипина Негриевска 

Советник за развој на програми 

filipina.negrievska@sos.org.mk 

тел. + 389 (0)71 373 618 

Политика за заштита на деца